Бугарија денеска треба официјално да ги прими првите пет борбени возила „Страјкер“. Церемонијата е најавена во воениот завод „Терем“ во Велико Трново.
Предвидено е присуство на министерот за одбрана Димитар Стојанов и началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов. Приемот е дел од модернизацијата на копнените сили и воведувањето на новата техника во употреба.


