Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Судството повторно покажа дека служи како штит за политичките моќници од СДС и ДУИ.

Судиите на Венко Филипче и Али Ахмети повторно одработија за спас и одбрана на нивните наредбодавци.

Само после неколку месеци откако обвинителот Ислам Абази го затвори случајот за набавката на модуларните болници со што Филипче го спаси од одговорност, сега и судијата Африм Фидани ги ослободи поранешните директори на тетовска болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, за трагедијата во која животот го загубија 14 наши сограѓани.

Ова отвора сериозни прашања за функционирањето на правосудниот систем и за еднаквоста пред законите, штета има, жртви има, а виновни нема.

Како е можно за пожар во кој загинаа 14 луѓе виновен да биде кабелот и да нема соодветна кривична одговорност за најодговорните лица од тој период, како што се тогашните директори на болницата и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче?

Како е можно да не се испита одговорноста на сите надлежни лица во синџирот на одлучување и управување, Филипче како најодговорен воопшто да не биде повикан на разговор, а од друга страна да се ослободуваат и Бесими и Етеми.

Дали во Македонија правдата зависи од партиската блискост и политичките врски, а блиските до Филипче и Ахмети имаат привилегија да бидат над законот?

За 14-те загубени животи правда и одговорност мора да има, Македонија не смее да биде држава во која политичките врски се посилни од правдата.

Можеби ќе ве интересира

Изминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано – Балканскиот картел се распаѓа – Мицкоски остана сам

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

ДЕСК