Во текот на ноќта меѓу 1 и 2 ноември, Русија ја нападна Украина со 193 беспилотни летала, од кои 154 беа уништени од украинските сили. Регистрирани се погодоци на 26 локации, соопштија Воздухопловните сили на Украина.
Тек на нападот и одбраната
Руските сили започнаа со лансирање дронови на 1 ноември во 18:00 часот. Во нападот беа вклучени борбени беспилотни летала од типот „Шахед“ и „Гербера“, како и беспилотни летала-мамци од типот „Пародија“. Од вкупниот број дронови „Шахед“, 75 биле опремени со млазен мотор. Лансирањата биле извршени од руските градови Орјол, Курск и Брјанск, како и од привремено окупираниот регион Доњецк и од Гвардејскоје на Крим.
Во одбраната од нападот учествуваа Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, системите за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните огнени групи на украинските одбранбени сили.
Според податоците објавени денеска во 8:00 часот наутро, противвоздушната одбрана уништила или електронски неутрализирала 154 руски дронови, вклучително и 58 „Шахед“ летала со млазен мотор. Регистрирани се погодоци на 26 локации, додека остатоци од соборените летала паднале на девет други места.
Од Воздухопловните сили додадоа дека повеќе од шест борбени дронови сè уште се во воздух и дека борбените дејствија продолжуваат./Извор:Makfax


