Во понеделникот, од Меѓународниот аеродром во Тузла, во Италија беа пренесени телата на четворица италијански војници кои загинаа во хеликоптерска несреќа минатата недела во Босна и Херцеговина, каде што служеа како дел од мировната мисија ЕУФОР.
На испраќањето присуствуваа и семејствата на загинатите.
Припадници на ЕУФОР и претставници на институциите на Босна и Херцеговина им оддадоа последна почит на своите колеги. Присутни беа и членови на семејствата на загинатите италијански војници. Меѓу жртвите во хеликоптерската несреќа се офицерите на италијанската армија Симоне Руџи и Клаудио Маркези, како и Франко Адријано Зекило и Лаура Прокачи, припадници на Доброволниот воен корпус на Италијанскиот црвен крст.
„За заедницата на ЕУФОР, нивното заминување од БиХ е момент на длабока тага“, изјави генерал-мајор Маурицио Фронда, командант на операцијата „ЕУФОР Алтеа“, за време на церемонијата на испраќање.
Уште 11 лица се повредени во хеликоптерската несреќа.
Четворица патници загинаа, а 11 други се повредени кога италијански воен хеликоптер од типот „CH-47 Чинук“ се урна во близина на селото Горице, недалеку од Брчко. Во моментот на несреќата, во леталото се наоѓале вкупно 15 лица./Извор:Makfax


