Centar.mk
СВЕТ

Клинтон: Трамп им се восхитува на Путин и Џјинпинг

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп покажува отворено восхитување кон рускиот претседател Владимир Путин, но и кон другите светски лидери, вклучувајќи го кинескиот претседател Шји Џјинпинг и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

„Претседателот навистина му се восхитува. Тој дури и му се восхитува на лидерот на Кина, земја која е наш ривал во многу области“, се вели во изјавата на Клинтон, а кое го објави порталот „Клеш Репорт“.

Според истиот извор, Клинтон, исто така, укажа на претходните пофалби на Трамп кон севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, оценувајќи дека американскиот претседател има посебен однос со политичките лидери со кои Вашингтон традиционално има сложени или непријателски односи.

Трамп, од друга страна, постојано нагласуваше дека смета дека одржувањето добри лични односи со претседателите на Русија и Кина е важно за американската надворешна политика. Американскиот претседател претходно изјави дека има добри односи со Путин и Џјинпинг, нагласувајќи ја важноста на директната комуникација меѓу лидерите на големите сили./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Поради лошо време, портокалово ниво на тревога во Италија: училиштата затворени во неколку градови

ДЕСК

Телата на четворица италијански војници, загинати во близина на Брчко, се пренесени во Италија

ДЕСК

Карлсон: Трамп би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран и да предизвика трета светска војна

ДЕСК