Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Орбан и Вучиќ паднаа, aрамијата остана да ја чува касата

Соопштение на СДСМ:

Орбан изгуби по 16 години. Вучиќ по 14 години. Двајцата паднаа од власт во истата година.

Сега се среќаваат и велат „ќе се вратиме“. Народот во Унгарија и во Србија веќе ги испрати.

Тоа е ист модел. Медиумски мрак. Контрола на институции. Каса што се преклопува со партија.

Кога народот ќе се разбуди, моделот паѓа.

Македонија е во истиот синџир. Орбан-Вучиќ држат голем дел од медиумскиот простор и тука.

Околу 40 проценти од онлајн медиумите и дел од телевизиите се поврзани со тој круг. Латас, Ивона, портали што ја носат матрицата.

Сега се додаваат и српски медиуми што добија можност да работат иако не се регистрирани.

Алта банка, осигурување, енергетика, броила – каса што се шири преку истите луѓе – како Душан Адамовиќ.

Зетот на Орбан, Иштван Тиборц, во Србија веќе ја имаше својата каса.

Преку Diofa Fund Management (дел од BDPST групата, подоцна ребрендирана во Gránit / Grandum) купи 11 премиум канцелариски згради во Нов Белград, во пет бизнис-паркови (Green Heart, FortyOne, Belgrade Business Center, 19 Avenue и House), со повеќе од 122.000 квадратни метри.

Тоа беше најголемата трансакција во Србија и целиот регион. Индотек претходно ги купил од GTC за околу 267–275 милиони евра.

За две години тие згради му донесоа околу 77,4 милиони евра приходи и 19,5 милиони евра нето профит.

Истовремено, преку Waberer’s групата е поврзан со логистиката во Србија – мнозински сопственик на MD International и со подружница во Суботица. Порано имал и филијала на Elios (електрични инсталации) отворена уште во 2014. Тоа е истиот круг што се шири.

Мицкоски не дојде сам. Дојде со таа мрежа. Медиуми што го носеа, финансиска поддршка, сателити што му прават алиби. ЗНАМ прва верзија, Левица како Спутник, Платформа-ЗНАМ 2.0 за 1,6 милиони. Сите на далечинско.

Сега, по падот на Вучиќ, тој остана сам. Последниот што ја држи касата за црниот капитал.

Затоа Вучиќ ги префрлил парите во Македонија, а оттаму веројатно кон Москва.
Но, НАТО нема да дозволи земја-членка да биде уточиште за црн капитал создаден од криминал, корупција и дрога.

Затоа Мицкоски ја запира вратата кон ЕУ. Затоа нема реформи. Затоа телефонскиот обвинител му е доволен. Лаура Ковеси не е на повик.

Орбан падна. Вучиќ падна. Народот таму ги испрати. Кај нас сè уште стои арамијата и ВМРО-ОКГ.

Медиумите што ги носеа сè уште работат. Сателитите сè уште седат на маса.

СДСМ го кажа ова уште од почеток. Оваа мрежа не е партнерство туку заробување.

Кога народот ќе ја врати власта во свои раце, касата ќе се отвори кај граѓаните. Бандата ќе одговара. Не пред телефон. Пред независно судство и европско обвинителство.

Доаѓа време на вистина и правда. За Орбан и Вучиќ тоа започна полека. Арамијата е следен.

Скопје, 01.11.2026

Можеби ќе ве интересира

Претседателот Мицкоски од Третата конференција на задгранични комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Солинген: Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината

ДЕСК

Четворица осомничени за тешки разбојништва

ДЕСК

До 18 часот и 30 минути вкупниот број на гласачи во Брвеница кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, 52.90%

ДЕСК