Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

До 18 часот и 30 минути вкупниот број на гласачи во Брвеница кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, 52.90%

Според пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %.

Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Можеби ќе ве интересира

НОЌЕН ПОЖАР ВО РАДОВИШ – Се запалил трактор паркиран во приватен двор

ДЕСК

ДВЕ ПРОДАВНИЦИ ОГРАБЕНИ ВО РАДОВИШКО – Украдени пари и цигари, полицијата приведе 39-годишник

ДЕСК

ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ ЗА ДРОГА НИЗ МАКЕДОНИЈА – Пет лица приведени или лишени од слобода

ДЕСК