СВР Тетово поднесе кривична пријава против лице од тетовско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Во текот на ноќта меѓу 22 и 23 октомври 2026 година, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, при што кај пријавеното лице биле пронајдени и одземени 15 пакувања со бела прашкаста материја.
При контролата, во објектот било затекнато и лице од Тетово кое користело прашкаста материја, која, според полициското соопштение, претходно му ја дал пријавениот.


