На 29.10.2026 во 22:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода двајца жители на Гостивар, на возраст од 43 и 39 години.
Тие биле приведени по претходна пријава од 38-годишен жител на Гостивар, кој пријавил дека му се заканувале поради несогласувања околу купена парцела.
Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.


