На 30.10.2026 околу 00:20 часот пред угостителски објект на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово приведоа 20-годишен жител на село Камењане, тетовско.
Претходно, тој го нарушил јавниот ред и мир со викање и удирање по вратата на угостителскиот објект и не постапил по наредба на полициските службеници да престане.
При извршено алкотестирање кај него е утврдено присуство на 1,32 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


