Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Двајца малолетници приведени во Тетово по напад врз 62-годишник. Му одзеле пари, а 17-годишникот го повредил со остар предмет.

На 29.10.2026 во Тетово, полициски службеници лишија од слобода двајца малолетници од Тетово, на возраст од 17 и 16 години.

Околу 12:30 часот во близина на трговски центар во Тетово, двајцата малолетници физички нападнале 62-годишен жител на село Одри, тетовско, и му одзеле пари.

62-годишникот успеал да го задржи 17-годишникот, при што малолетникот со остар предмет му нанел повреда.

Во моментот на настанот поминувала полициска патрола и полициските службеници го лишиле од слобода напаѓачот.

Подоцна, по преземени мерки, во 16:15 часот на ул. „Вон Вадарска“ во Тетово бил пронајден и лишен од слобода и 16-годишникот.

Двајцата се задржани во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

МУ ИСПАДНАЛ ПАРИЧНИКОТ СО ПАРИ И ДОКУМЕНТИ – Сведоци виделе кој го зел и заминал со велосипед

ДЕСК

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВСКО – Татко приведен по пријава дека физички го нападнал својот 30-годишен син

ДЕСК

СЕРИЈА КРАЖБИ ВО ГОСТИВАР – Полицијата уапси 38-годишник осомничен за повеќе кражби

ДЕСК