На 27.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 53-годишник од село Василево, струмичко, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.
На 28.10.2026, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени 13 бели печурки за кои постои сомневање дека содржат психоактивни својства и кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење.
53-годишникот е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


