На 28.10.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во координација со Шумска полиција, во атар на село Возарци, кавадаречко, извршија контрола на товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 36-годишник од Кавадарци, кое било натоварено со огревни дрва.
По преземени мерки било констатирано дека во возилото има натоварено повеќе огревно дрво од количината за која возачот поседувал документација.
Дрвата биле одземени и предадени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Кавадарци, за понатамошна постапка.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.


