На 28.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 19-годишник од Струмица затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


