СВР Тетово поднесе кривична пријава против маж од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.
Пријавениот, во својство на физичко лице, на почетокот на 2026 година, преку користење на своето влијание, од две лица од Гостивар зел пари за да влијае да се стекнат со возачка дозвола без да се појават во постапка за стекнување на возачка дозвола.


