На 27.10.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Љубанци, скопско, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишен жител на Скопје, удрило во 77-годишен пешак од с.Љубанци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


