СВР Велес поднесе кривична пријава против лице од демиркаписко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
На 01.06.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле тромблонски куршуми за кои немал дозвола.


