СВР Куманово поднесе кривична пријава против лице од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Полициски службеници го забележале пријавениот како сокрил кутија, во која при преглед била пронајдена и одземена марихуана.


