Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – „Пасат“ удрил во жена, починала од тешките повреди

На 26.10.2026 во 18:19 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишен жител на Скопје, удрило во 81-годишна жена од с.Стајковци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 81-годишната жена, која од здобиените повреди подоцна починала во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

По насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

КОШТА СО СИЛНА ПОРАКА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН – Иднината на регионот е во Европската Унија, проширувањето мора да продолжи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ – Не сме песимисти, постојано предлагаме решенија за надминување на пречките кон ЕУ

ДЕСК

ЕВРОПСКИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАКЕДОНИЈА – Корупцијата го кочи напредокот кон ЕУ, реформите мора да се спроведат

ДЕСК