На 26.10.2026 во 12:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосница од ул.„5 Ноември“ со ул.„Крушевска Република“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 28-годишен жител на с.Радичево, општина Василево, и патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 57-годишен жител на Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 57-годишниот возач, а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници на возраст од 58, 37, 56 и 38 години, сите од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.


