Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ШЕСТМИНА ВОЗАЧИ УАПСЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Сите возеле без положен возачки испит, меѓу нив и малолетник

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Сите лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: 34-годишен маж и 17-годишник од Скопје, 23-годишен жител на с.Грчец, скопско, 24-годишен жител на с.Страчинци, скопско, 22-годишен жител на с.Врапчиште, гостиварско, и 18-годишен жител на Прилеп.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДНАТ ПОЛИЦАЕЦ ВО ОХРИД – Кривична пријава против 59-годишен маж

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – Ќерка ја пронашла мртва својата мајка, на телото имало траги од насилство

ДЕСК

ДРСКА КРАЖБА ВО ШТИП – Му го одзел паричникот со сила, па ја употребил банкарската картичка

ДЕСК