Centar.mk
СВЕТ

Зеленски за Србија: Тоа е очигледно ново поглавје во историјата на земјата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше изборите во Србија.

„Во Србија се случија промени, победа на Студентската листа. Ова е очигледно ново поглавје во историјата на земјата и нејзиниот народ.
Секогаш се радуваме на нашите заеднички успеси, на сè што ги зајакнува нашите општества и им обезбедува повеќе можности на луѓето.

Подготвени сме да продолжиме да ја прошируваме нашата соработка и нека се остварат сите добри надежи на граѓаните на Србија!“, рече претседателот на Украина.

На вонредните парламентарни избори во Србија, Студентската листа победи со 52,54 проценти од гласовите, додека листата на Александар Вучиќ „Обединета Србија“ освои 39,29 проценти, пренесуваат тамошните медиуми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РЕЧИСИ 1.500 МИГРАНТИ СПАСЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН КАЈ КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ – Највисок дневен број од 2020 година

ДЕСК

НОЌНИ НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Загинат инженер, оштетени трафостаници и мост, пожар во индустриски комплекс

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА И ВОЕНИТЕ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО ЦРНА ГОРА СО НОВ ДОГОВОР – Ќе разменуваат податоци за криминал

ДЕСК