Centar.mk
СВЕТ

Песков: Се надеваме на конструктивни односи со новите власти во Србија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва се надева дека новите власти во Србија ќе се обидат да одржат конструктивни односи со Русија, нагласувајќи дека соработката меѓу двете земји е во нивен заеднички интерес.

„Соработката со Русија е во интерес на Србија и корисна за Републиката“, рече Песков.

Тој нагласи дека Кремљ високо го цени придонесот на Александар Вучиќ во развојот на билатералните односи меѓу Србија и Русија.

„Ги забележавме резултатите од изборите во Србија. Многу го цениме придонесот на Вучиќ во развојот на нашите билатерални односи“, рече портпаролот на Кремљ.

Песков додаде дека Москва се надева дека Вучиќ, дури и како претставник на опозицијата, ќе продолжи да придонесува за развојот на односите меѓу двете земји./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РЕЧИСИ 1.500 МИГРАНТИ СПАСЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН КАЈ КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ – Највисок дневен број од 2020 година

ДЕСК

НОЌНИ НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Загинат инженер, оштетени трафостаници и мост, пожар во индустриски комплекс

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА И ВОЕНИТЕ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО ЦРНА ГОРА СО НОВ ДОГОВОР – Ќе разменуваат податоци за криминал

ДЕСК