Centar.mk
СВЕТ

Русите погодија товарен брод во близина на Одеса

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили погодиле товарен брод што се упатил кон украинското пристаниште Одеса, пренесе државната новинска агенција РИА, додека украинските власти известија дека шест лица се повредени во руските напади врз Украина.

Од Министерството тврдат дека бродот превезувал воен товар наменет за украинската војска.

Руските сили, исто така, ја погодиле инфраструктурата на три пристанишни места во пристаништето Чорноморск, наведуваат од Министерството.

Руското Министерство за одбрана исто така извести за напад врз електрана во Харков – вториот по големина град во Украина – како и врз складиште во околниот регион и уште една електрана во регионот Хмељницки.

Четири лица се повредени во руски напад извршен во текот на ноќта врз украинскиот град Запорожје, во југоисточниот дел на земјата, објави регионалниот гувернер Михајло Семикин на Телеграм.

Уште две лица се повредени во руски напади врз регионот Чернигов, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина преку Телеграм./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РЕЧИСИ 1.500 МИГРАНТИ СПАСЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН КАЈ КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ – Највисок дневен број од 2020 година

ДЕСК

НОЌНИ НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Загинат инженер, оштетени трафостаници и мост, пожар во индустриски комплекс

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА И ВОЕНИТЕ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО ЦРНА ГОРА СО НОВ ДОГОВОР – Ќе разменуваат податоци за криминал

ДЕСК