Нов циклус финансиска поддршка за микро, малите и средните претпријатија најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Програмата, со вкупна вредност од околу 25 милиони евра, треба да се спроведува во периодот од 2026 до 2030 година, со фокус на иновации, конкурентност и зелена транзиција.
Според најавата, целта е да бидат поддржани 300 компании, да се поттикнат осум милиони евра приватно кофинансирање и да се придонесе за отворање 700 работни места. Финансиската помош ќе биде распределена преку повеќе јавни повици, со различни износи и услови.
Првиот најавен повик ќе биде за воведување меѓународни стандарди, со грантови до 5.000 евра и минимално сопствено учество од 20 проценти. Во следните фази се предвидуваат грантови до 30.000 евра за помали зелени инвестиции и до 300.000 евра за поголеми проекти, со најмалку 50 проценти сопствено учество. Пријавувањето е најавено исклучиво електронски, преку порталот за државни услуги. Повиците допрва треба да бидат објав


