Centar.mk
фото скриншот/МВР
СВЕТ

ПУКАЊЕ ВО БЛИЗИНА НА ПАРИЗ – Едно лице загина, четворица се повредени

Едно лице загина, а четири се повредени во вооружен инцидент во областа Ивелин, западно од Париз. Француската полиција започна истрага, а според првичните информации, осомничениот за нападот е приведен.

Во постапката се вклучија и службите надлежни за истражување тероризам. Тоа не значи дека мотивот веќе е утврден. Истражителите треба да ги разјаснат околностите, начинот на извршување и причините за нападот.