Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ѝ ЗЕЛЕ 117.000 ДЕНАРИ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕ – Кога отишла во Катастар, дознала дека е измамена

На 22.10.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од две лица за сума од 117.000 денари. Според пријавеното, на 21.09.2026 се сретнала со лицата, при што едниот од нив се претставил како вработен во Катастар, и ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат нејзиното семејство да го откупи и приватизира земјиштето кое го користеле, а кое е во државна сопственост.

Како што е пријавено, таа во неколку наврати на лицето му ги исплатила парите, а потоа во Катастар побарала да ја известат за предметот, по што ѝ кажале дека лицето повеќе од две години не е вработен кај нив и сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК