Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

МЕЛОНИ НАЈАВИ ПОМОШ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ – Италија се соочува со последици од високите цени на горивата

Италијанската премиерка Џорџа Мелони соопшти дека Владата одобрила мерки за поддршка на превозниците, земјоделците и рибарите, кои се погодени од поскапувањето на горивата. Одлуката следува по повеќедневни протести и блокади што предизвикаа проблеми во снабдувањето во делови од јужна Италија.

Мелони најави и засилени активности за овозможување слободен транспорт на стоки. Според неа, правото на мирен протест мора да се почитува, но заканите, оштетувањето возила и блокирањето на испораките не можат да бидат прифатлив начин на дејствување.

Владата тврди дека дел од финансиската поддршка за патните превозници веќе се исплаќа, додека за земјоделството и рибарството се одобрени дополнителни мерки.

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНА НОВАТА КУРСНА ЛИСТА ЗА ПЕТОК – Познато е вредат еврото, доларот, фунтата и франкот

ДЕСК

Дурмиши во посета на „Киел Македонија“: Нови инвестиции, проширување на производството и можности за нови вработувања

ДЕСК

Божиновска меѓу светските лидери на COP31: Фокус на енергетската транзиција и иднината на македонскиот енергетски сектор

ДЕСК