Centar.mk
РЕГИОН

GOOGLE СО НОВИ МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – Бугарија разговара за големи дигитални инвестиции

Американската технолошка компанија Google ќе обезбеди дополнителна поддршка од еден милион долари за бугарскиот институт INSAIT, кој работи на истражувања во компјутерските науки и вештачката интелигенција. Информацијата ја потврди бугарската влада по средбата на премиерот Румен Радев со претставници на компанијата.

Со новата донација, вкупната поддршка на Google за институтот надминува седум милиони долари. Средствата ќе се користат за истражувања во областа на вештачката интелигенција, роботиката и математиката, а дел од поддршката опфаќа и пристап до облачна компјутерска инфраструктура.

На средбата се разговарало и за кибербезбедноста, дигиталната инфраструктура и можностите за нови инвестиции во Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

ОСУМ МИНУТИ МОЛК ВО ЗАГРЕБ – Студентите бараат вистина за смртта на млад пациент

ДЕСК

СРБИЈА ГИ ЗГОЛЕМИ КАМАТИТЕ – Централната банка ја подигна референтната стапка на 6 проценти

ДЕСК

СРБИЈА ПРЕД ЕНЕРГЕТСКИ ПРОБЛЕМ – Рафинеријата во Панчево се подготвува за можен прекин

ДЕСК