Centar.mk
СВЕТ

ИТАЛИЈА ИМА ВИСОК ЈАВЕН ДОЛГ, НО ПОДОБРИ ФИНАНСИИ – Гувернерот на централната банка со нова оценка

Гувернерот на Банката на Италија, Фабио Панета, оцени дека и покрај високиот државен долг, состојбата на италијанските јавни финансии е значително подобра во споредба со претходните години. Изјавата ја даде на Меѓународниот економски фестивал во Торино.

Панета посочи дека растот на каматните стапки најсилно се чувствува во САД, но дека неговото влијание се пренесува и во Европа, каде економскиот раст е послаб. Според него, Италија се соочува со поголем раст на трошоците за задолжување од Германија, но помал од Франција.

Гувернерот оцени дека не станува збор за класична финансиска зараза или системска криза, туку за различно влијание на повисоките камати врз економиите.