Centar.mk
СВЕТ

ДВЕ БУРИ ЌЕ ЈА ПОГОДАТ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Силни ветрови и дождови во повеќе региони

Британската метеоролошка служба предупреди на силни ветрови и обилни врнежи поради бурата „Остен“, која денеска се движи кон Северното Море. Во јужните и западните делови на земјата се очекуваат неповолни временски услови и можни нарушувања во сообраќајот.

Веќе во сабота ќе следува нова бура, „Боело“, која ќе донесе дожд и засилување на ветерот, особено во Шкотска, Северна Ирска и северна Англија. Метеоролошката служба ги повикува граѓаните да ги следат регионалните предупредувања и најновите прогнози.