Centar.mk
фото Општина Центар
ЛОКАЛНО

ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА ЕКОЛОШКИТЕ ПРИОРИТЕТИ – Општина Центар започна новаанкета

Општина Центар ги повика жителите да учествуваат во подготовката на новиот Локален еколошки акционен план, кој треба да ги опфати приоритетите за заштита на животната средина во периодот од 2026 до 2032 година. Преку анкета, граѓаните ќе имаат можност да ги посочат проблемите што најмногу влијаат врз нивното секојдневие и да предложат решенија.

Градоначалникот Горан Герасимовски соопшти дека одговорите ќе послужат при утврдувањето на идните активности на општината. Анкетата е анонимна, со цел граѓаните слободно да го изразат своето мислење за состојбата со животната средина.

Планскиот документ треба да ги идентификува актуелните еколошки предизвици и да предложи насоки за нивно решавање.

Можеби ќе ве интересира

Општина Битола е добитник на националната награда „Младински пријателски град” во Пелагониски регион за 2026 година.

ДЕСК

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

ДЕСК

Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго Маневски

ДЕСК