Centar.mk
БИЗНИС

СЕРИОЗНИ СЛАБОСТИ ВО ФОНДОТ ЗА ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ – Ревизорите предупредуваат на ризици за информациската безбедност

Државниот завод за ревизија утврдил значајни недостатоци во системот за информациска безбедност на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Ревизијата покажала дека институцијата нема целосно воспоставена стратегија за заштита на ИТ-системите, а дел од процедурите не се усвоени или ажурирани. Констатирани се и пропусти во проценката на ризиците и подготвеноста за справување со безбедносни инциденти.

Особено загрижувачки се податоците за недостигот од стручен кадар. Од 57 предвидени работни места во Секторот за информатика, пополнети се само 17. Во одделението задолжено за ИТ-инфраструктура и поддршка има само еден вработен од предвидени 13, додека нема посебно ангажирани лица за информациска безбедност.

Ревизорите предупредуваат и на користење застарени оперативни системи, недоволна заштита на одредени компјутери и отсуство на целосни планови за продолжување на работењето при сериозен прекин. Овие наоди укажуваат на ризици, но сами по себе не потврдуваат дека се случило протекување на лични податоци.

Можеби ќе ве интересира

Енергетската дипломатија ги обединува регионот и меѓународните партнери – Женското лидерство во фокусот на првиот форум во Скопје

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката

ДЕСК

ПРЕСВРТ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ – Продажбата на станови падна за 14 отсто, изнајмувањето скокна за 45 проценти

ДЕСК