Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора, на кој се очекуваат лидерите од Западен Балкан и претставници на европските институции. На собирот учествува и германскиот канцелар Фридрих Мерц, а домаќин е црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.
Според најавата од Владата, македонскиот премиер треба да ги претстави ставовите за регионалната економска соработка, безбедноста, конкурентноста и европските интеграции. Во фокусот е и подобрувањето на економската поврзаност на земјите од Западен Балкан.
Црна Гора, која претседава со процесот, го поставува одржливиот развој и зелената транзиција меѓу приоритетите на самитот.


