Centar.mk
РЕГИОН

РАЦИЈА ВО БУГАРСКА ОПШТИНА – Се истражуваат сомневања за злоупотреби со јавни набавки

Бугарските безбедносни служби започнаа истрага за можни финансиски злоупотреби во Општина Сунгурларе. При вчерашната акција на ДАНС и службата за борба против организираниот криминал биле одземени документи од општинската администрација.

Предмет на проверките се договори за јавни набавки и сомневања за несоодветно трошење буџетски средства. Истражителите проверуваат дали фактурираните работи навистина биле извршени и дали постоеле неправилности при изборот на изведувачите. Засега нема конечна судска одлука за евентуална одговорност.