Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ ЗАКОН ЗА ДРЖАВНАТА УПРАВА – Почнува јавната дебата за организацијата на институциите

Министерството за јавна администрација денеска организира јавна стручна дискусија посветена на нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа. Реформата треба да отвори прашања за надлежностите, организациската поставеност и функционирањето на државните институции.

Најавено е учество на министерот Горан Минчев, професори и правни експерти. Во рамки на дискусијата ќе бидат претставени предложените законски решенија, по што се предвидени стручни осврти и прашања од учесниците.

Новиот закон е во фаза на јавна расправа. Конечната содржина ќе зависи од понатамошната законодавна постапка и евентуалните прифатени забелешки.