Пожар на депонијата во селото Еднокуќево, во Општина Босилово, предизвика непријатен мирис на чад што од вчера попладне се шири во околината на Струмица. Огнот продолжил да тлее во текот на ноќта, поради што жителите и утринава го чувствуваат чадот.
Струмичките пожарникари веќе имале две интервенции, а рано утрово повторно излегле на терен за да го локализираат и изгаснат пожарот.


