Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Минималната плата не ги покрива ниту основните месечни потреби за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство.

Само за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари.

Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари.

Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.

Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.

Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно.

33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата.

Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија.

Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000.

Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни.