Centar.mk
фото Министерство за здравство
МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ – Две возила се судриле кај мостот „Беласица“

Сообраќајна несреќа се случила синоќа во Скопје, во близина на мостот „Беласица“, на правецот кон Железничката станица. Според првичните информации, во незгодата учествувале два автомобили.

Од досега објавените детали, едното возило по судирот завршило во бетонската ограда во близина на столбовите на железничката инфраструктура. Точниот тек на несреќата сè уште треба да биде утврден.

Полицијата најавила дополнителни информации во текот на денот.