Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
Во изминатата година, Општина Лозово реализираше значајни инфраструктурни проекти, го изгради паркот „Македонија“ и продолжи со инвестиции во образованието, спортот, културата и социјалната заштита.
Преку стипендии, ваучери за децата, бесплатни училишни оброци и поддршка за семејствата, младите и пензионерите, општината вложува во подобар квалитет на живот за сите граѓани.
Се врши доопремување на ООУ „Методи Митевски-Брицо“ Лозово со компјутерска опрема на кабинетот по информатика. Општина Лозово продолжи со финансиска поддршка на Фудбалската академија „Галактикос“ Лозово.
Во областа на културата, се продолжи со поддршка на фолклорниот ансамбл „Кочо Рацин“ Лозово.
Со обезбедени средства за нови проекти во водоснабдувањето, канализацијата и комуналната инфраструктура, продолжува развојот на сите населени места.
Во општина Лозово продолжуваме да работиме, продолжуваме да градиме, да инвестираме и да ја градиме општина со цел поквалитетен живот за граѓаните.


