Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО,ФОТО) Царинска управа го фати: Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица

Четири милиони денари вреден златен накит, што тетовчанец, сопственик на златара, се обидел да го кримчари во перница за врат, е запленет од царински службеници на граничниот премин Богородица. Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.

Кривичното дело е откриено при контрола на автобус, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар. На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниту еден од патниците не пријавил стока за царинска контрола, по што е извршен детален преглед. Притоа, во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот, се откриени 77 парчиња златен накит со тежина од 612 грама.

Во предистражната постапка на Одделението за истраги се обезбедени докази дека лицето, откако го купил златниот накит од златарска работилница во Истанбул, имало намера нелегално да го пренесе во државава и да го продава во својот златарски дуќан.
Царинската управа продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија.

Можеби ќе ве интересира

СО 3,50 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВОЗЕЛ „МЕРЦЕДЕС“ НИЗ БИТОЛА – Полицијата приведе 30-годишен возач

ДЕСК

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ДЕСК

УШТЕ ЕДЕН ОПШТ НЕРАБОТЕН ДЕН ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА – Еве кога се празнува и кој ќе одмора

ДЕСК