Centar.mk
фото Министерство за здравство
-МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ – 21-годишна девојка се превртела со „поло“, повредена и нејзината сопатничка

На 19.10.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, 21-годишна девојка од Скопје, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“, изгубила контрола и се превртела со возилото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 21-годишната возачка, додека со телесни повреди нејзината 19-годишна сопатничка од Скопје, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.