Обединетите нации денеска предупредија на ескалација на насилството врз палестинските земјоделци на окупираниот Западен Брег, особено во периодот на бербата на маслинки. Според податоците на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања, во последните две недели пет Палестинци биле убиени, а повеќе од 240 повредени во инциденти поврзани со израелските сили или со напади од доселеници. Пријавени се и бројни напади врз имотот и земјоделските активности.
Во Газа, ОН предупредуваат дека и покрај договорот за прекин на огнот продолжуваат инциденти со цивилни жртви, додека речиси еден милион раселени лица се соочуваат со ризик од зимски поплави. Недостигот од финансиски средства ги ограничува програмите за храна и засолниште. Експертите на ОН бараат заштита на земјоделците и непречен пристап до нивните ниви, нагласувајќи дека земјоделската сезона е суштинска за приходите и егзистенцијата на многу палестински семејства.


