Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 30-годишник од с.Црвевци, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 28.08.2025 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „бмв“, управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.


