Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО „ГОЛФ“ СО ГЕРМАНСКИ ТАБЛИЧКИ – Кривична пријава против 35-годишник по контрола на Табановце

СВР Куманово поднесе кривична пријава против M.J.B.(35) од Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 09.02.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, бил извршен преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени и одземени МДМА и ЛСД.