Centar.mk
фото Министерство за енергетика
БИЗНИС

Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздравува активностите на ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.

Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари.

Ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард.

Според најавите, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра.
Министерството останува посветено на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со релевантните чинители, со цел ублажување на ценовните притисоци и заштита на стандардот на граѓаните.

Фото Министерство за енергетика

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ ТЕШКО ДОАЃААТ ДО РАБОТА – Македонија трета меѓу 35 европски земји според младинската невработеност

ДЕСК

Кој ќе биде најдобар во Македонија? Дваесет средношколски бизнис-идеи во трка за еден милион денари

ДЕСК

Анализа: Инвестиции денес за стабилно снабдување утре. Тивката револуција во енергетиката

ДЕСК