Centar.mk
СВЕТ

АЛБЕРТА ГЛАСАШЕ ПРОТИВ ОТЦЕПУВАЊЕ ОД КАНАДА – Првичните резултати покажуваат убедлива победа на приврзаниците на единството

Граѓаните на канадската провинција Алберта на вчерашниот референдум убедливо се изјаснија против започнување постапка што би можела да доведе до независност, покажуваат првичните резултати. Според проекцијата на канадскиот јавен сервис Си-Би-Си, по пребројувањето на повеќе од еден милион гласови, приближно 76 проценти од гласачите го поддржале останувањето во Канада, додека околу 23 проценти гласале за започнување процес кон евентуално отцепување.

Резултатот претставува политичка победа за канадскиот премиер Марк Карни, кој во пресрет на гласањето повикуваше на зачувување на единството на државата. Референдумот беше необврзувачки и не предвидуваше непосредна независност, туку можност за отворање правна постапка за второ, обврзувачко гласање. Премиерката на Алберта, Даниел Смит, исто така го поддржа останувањето во Канада. Сепак, сепаратистичките организации најавуваат продолжување на своите активности. Пребројувањето на сите гласови сè уште не е завршено, па објавените проценти не претставуваат конечен сертифициран резултат.