Собранието денеска има закажано продолженија на 121. и 125. седница, како и почеток на 126. седница. На дневниот ред се повеќе законски решенија и документи поврзани со функционирањето на јавната администрација, високообразовниот систем и институциите.
Меѓу точките се измените на законската регулатива за административните службеници, измени на Законот за надворешни работи, како и предложените национални програми за високото образование и научноистражувачката дејност за периодот 2025–2030 година. Пред пратениците е и годишниот извештај за 2025 година на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.


