Centar.mk
фото Министерство за здравство
МАКЕДОНИЈА

Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Северна Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година

Министерот за здравство, Сашо Клековски, и министерката за здравство на Република Бугарија, Катја Ивкова, денеска, во Софија потпишаа План за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија за периодот 2026–2028 година.

Со Планот се потврдува определбата на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во областа на здравството и медицинските науки, врз основа на еднаквост, реципроцитет и заемен интерес. Планот предвидува размена на информации и искуства, размена на специјалисти за обуки и консултации, учество на научни и медицински настани, реализација на заеднички научни и практични проекти, како и соработка при организирање курсеви и семинари. Како приоритетни области на соработка се утврдени примарна и специјализирана медицинска заштита, болничка здравствена заштита, превенција и контрола на заразните и незаразните болести, како и епидемиолошки надзор, медицинска статистика, организација на здравствен одговор при вонредни состојби, електронско здравство, како и други области од заемен интерес.

Во рамки на посетата на Софија, министерот Клековски го посети и Универзитетскиот акушерско-гинеколошки болнички комплекс „Мајчин дом“, каде се запозна со работата на установата и со современите практики во областа на мајчиното и детското здравје, особено во делот на неонатологијата и грижата за новороденчињата.

Во разговорите со медицинските тимови беа разменети искуства и можности за унапредување на соработката, со посебен акцент на неонаталниот скрининг и рано откривање состојби кај новороденчињата. „Мајчин дом“ располага со најголемата клиника по неонатологија во Бугарија, со оддел за интензивна нега и современа медицинска опрема, додека Националната генетска лабораторија во рамки на установата спроведува скрининг на новороденчиња, вклучително и метаболички и генетски испитувања. Потпишувањето на Планот за соработка претставува дополнителен чекор во јакнењето на добрососедските односи и институционалната соработка меѓу двете земји, со цел размена на знаења и добри практики и унапредување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги за граѓаните

фото Министерство за здравство

Можеби ќе ве интересира

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК