СВР Куманово поднесе кривична пријава против лице од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Пријавениот, во домот чувал пиштол „застава“, сопственост на друго лице, иако знаел дека не смее да држи огнено оружје за кое не поседува дозвола за поседување.


